На Пелегрини му фалеше уште еден жолт картон за да добие суспензија од еден натпревар.
На мечот со Сампдорија кој Рома го доби со 1-0, течеше 93. минута кога Пелегрини требаше да излезе. За да добие жолт картон тој најпрво почна да му ја мести капитенската лента на Манчини, а потоа си ги местеше и костобраните чекајќи реакција од судијата. Откако доби жолт картон, го напушти теренот.
Зошто го направи Пелегрини ова? Рома во следното коло ја пречекува Салернитана, а потоа гостува кај Наполи, па игра со Интер. Капитенот на Рома сакаше да ги исчисти картоните за двете дерби пресметки каде ќе му биде повеќе од потребен на Мурињо.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.