Како на бугарски начин се решава кој ќе шутира пенал, газдата се симна и почна да дели „шамари“ (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Во светот на
фудбалот често има недоразбирања помеѓу соиграчите за тоа кој
да изведе пенал, но она што се случи во Бугарија ретко се гледа.

Во финишот од
натпреварот помеѓу Царско Село и Локо Софија во последното коло од првата лига,
домаќините добија пенал во судиското надополнување и шанса да се спасат од
испаѓање.

Јусуфа Јафа ја
зема топката и реши да го изведе пеналот и покрај тоа што капитенот Мартин Кавдански
сакаше да ја превземе одговорноста. Откако двајцата не успеаја да се договорат,
на теренот се симна газдата на Царско Село, кој почна да го турка и удира
Јусуфа Јафа и одлучи пеналот да го изведе Мартин Кавдански.

За работите да
бидат уште посмешни, Кавдански биеше многу лошо и гостинскиот голман го одбрани
пеналот, па Царско Село испадна во втора лига.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×