81
Неверојатни сцени се случуваа на стадионот на ПСЖ додека траеше натпреварот против Нант.
Спортскиор директор Леонардо доби телефонски повик во кој беше известен дека во домот на Ди Марија се одвива грабеж. Тој најде начин тоа да му го соопшти на Маурисио Покетино, му дофрли од трибината и му кажа што се случува.
Тренерот на ПСЖ веднаш го извади Ди Марија, испраќајки го кон тунелот му ја кажа непријатната вест и го прати дома.
Според француските медиуми се работело за насилен грабеж, во еден момент тој прераснал и во заложничка драма. Се уште не се познати сите детали за непријатнот настан.