Како Ериксен го препороди Брентфорд

by
1 минути читање

Брентфорд со одлична резултатска серија се искачи на 11. место на табелата, новиот прволигаш игра импресивно во последно време, а клучот за тоа е Кристијан Ериксен.

Брентфорд победи на последните пет натпревари на кои Ериксен беше во стартниот тим. Тие на последните шест меча имаат пет победи и еден пораз, но на тој натпревар Данецот не играше.

Пред да почне Ериксен да игра во стартниот тим, Брентфорд имаше очајна серија од 10 меча без победа во сите натпреварувања, од нив дури осум беа порази и две нерешени.

Работите за нив почнаа да се менуваат откако Ериксен почна стандардно да игра. Статистички тој има еден гол и две асистенции, но неговото влијание на теренот е од огромна важност за соиграчите. Влева самодоверба кај нив, ги разигрува и дава комплетен допринос за тимот да се крене на ниво погоре отколку што беше.

Меѓу победите со негово присуство е и фантастичниот тримф од 4-1 против Челси на Стемфорд Бриџ, како и победата над Вест Хем кој игра одлична сезона.

Може да се каже дека Брентфорд веќе го реши прашањето за опстанокот, што беше и основната цел како нов Премиерлигаш, а до крајот на сезоната може да се најдат и во првата половина на табелата.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×