Како да е војна: Интервју на поранешниот ас на Ливерпул и Барселона беше прекинато со – рафални истрели! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Васко де Гама ги привршува подготовките за градското дерби против Флуминенсе, кое се игра во рамките на 10. коло на бразилското првенство. Натпреварот на легендарната „Маракана“ е во фокусот на бразилската јавност, но настан пред натпреварот фрли сенка врз спортските случувања.

Имено, додека Фелипе Кутињо, некогашната ѕвезда на Ливерпул, Барселона и Баерн Минхен, даваше изјава за медиумите, во позадина јасно се слушнаа рафални истрели. И покрај вознемирувачкиот момент, Кутињо остана смирен, само се насмевна и без трошка паника го продолжи интервјуто, како да се работи за нешто секојдневно.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани