Светската куќа на
фудбалот денеска објави дека клубот од Стемфорд Бриџ ги прекршил правилата за
ангажман на малолетни играчи, па Челси е казнет со забрана за регистирација на
нови фудбалери во следните два преодни рока.
„Сините“ се
ставени во незавидна ситуација, плановите за следната сезона им се пореметени,
особено што виси столчето на Маурицио Сари и се погласно се говори дека тој ќе
добие отказ. Доколку Италијанецот замине, следниот тренер ќе има прилично тешка
задача зошто ќе мора со играчи кои ги наследил да им конкурира на ривалите од
Премиерлигата.
Сепак, Челси може
да ги изигира правилата и летоска да донесе нови имиња и да направи
реконструкција на својот состав, со која полесно ќе може да се справи со
забраната. Казната не е
дефинитивна, Челси има право на жалба и „Сините“ веќе соопштија дека веднаш ќе го
сторат тоа и ќе ја презентираат својата одбрана пред комитетот за жалби при
ФИФА.
И додека одлуката
на комитетот за жалби при ФИФА е конечна и обврзувачка, ако Челси не е
задоволен од пресудата, имаат можност за нова жалба, до Судот за спортска
арбитража (ТАС), и токму тука се
отвара просторот за изгирување на правилата
ТАС нема да може веднаш да го
разгледа случајот, ќе му бидат потребни неколку месеци, па „Сините“ можат да
побараат привремено суспендирање на казната. Кога Барса во 2014 се соочи со
иста санкција од ФИФА за прекршување на правилата за трансфер на играчи под 18
години, го стори ова, доби привремена суспензија и ги ангажираше Луис Суарез, Иван
Ракитиќ, Марк Андре тер Штеген, Клаудио Браво, Томас Вермален и уште неколку
играчи. Барселона не можеше да регистрира нови играчи во 2015, но претходно си ги пополни
дупките во составот и полесно се справи со забраната.
Па Челси може да го „копира“ гигантот од Шпанија, да ги исполни сите желби на новиот тренер или Маурицио Сари, и потоа да не пазари во јануари 2020 и летото во 2020, „Сините“ исто така можат да вратат и некои од играчите кои се на позајмица а ги има прилично многу, дури 41 име.
Судејќи од
претходните слични случаи, Челси тешко може да се надева дека ќе избегне казна и дека жалбата до УЕФА ќе им биде успешна. Казните на Барса и Атлетико останаа исти, а во случајот на
Реал Мадрид, жалбата беше делумно прифатена и „кралевите“ не купуваа само еден трансфер
период.