Шампионот и опстанокот во Премиерлигата е одамна решен, па погледите во недела ќе бидат вперени кон борбата за местата кои водат во Лигата на шампионите, а се борат Челси, Ливерпул и Лестер.
Челси има 67 бодови, Ливерпул и Лестер по 66. Црвените имаат за четири голови подобра гол разлика од Лестер.
Во последното коло Челси гостува кај Астон Вила, Ливерпул игра дома против Кристал Палас, а Лестер го пречекува Тотнем.
На хартија Ливерпул има најлесна задача, па Лестер доколку го победи Тотнем ќе бара услуга од Астон Вила, да не загуби од Челси.
Постои варијанта во која Англија би имала пет претставници во Лигата на шампионите, за тоа да се случи треба Челси даа заврши на петтото место и да го победи Манчестер Сити во финалето од Лигата на шампионите.
Во едно такво сценарио Манчестер Сити, Манчестер јунајтед, Ливерпул и Лестер би избориле пласман во Лигата на шампионите поради пласман во топ четири во Премиерлигата, а Челси таму би бил како победник на елитното натпреварување.