766
Коло Коло и Форталеза не го доиграа натпреварот од второто коло на Копа Либертадорес, откако нереди ја прекинаа средбата.
Се случи стампедо пред „Монументал“ во кое починаа две млади лица, потоа следуваше и упад на теренот од страна на домашните навивачи. Поради се тоа, официјалните лица решија дека нема услови за фудбал, иако во прв момент беа за доигрување на средбата.
Еден чилеански новинар по натпреварот во живо на телевизија покажа што навивачите на Коло Коло фрлија на теренот и тоа е неверојатно. На тревникот во еден момент долетало некое железо со остри краеви кое веројатно било дел од конструкцијата на стадионот.