364
Јувентус е во
напредни преговори со Евертон околу можноста за ангажман на 21 годишниот
напаѓач Моисе Кин, кој претходно беше дел од редовите на „Старата дама“.
21 годишниот
Италијанец се наведува како еден од неколкуте опции кои Јувентус ги има како
замена за Кристијано Роналдо кој е пред трансфер во Манчестер Сити.
„Спорт Италија“
веќе извести дека агентот на Кин, Мино Рајола добил зелено светло од Евертон
околу можноста за трансфер на напаѓачот, а „Скај Спорт“ пренесе дека обете
страни се веќе во напредни преговори.