Јувентус го претрпе првиот пораз во Серија А откако во неверојатна драма загуби со 3-2 на гостувањето кај Сасуоло.
„Старата дама“ ја имаше фаворитската улога, но Сасуоло покажа дека нема да биде лесен противник. Во првото полувреме немаше голови, а вистинската драма следеше во вториот дел.
Во 65. минута српскиот ветеран Немања Матиќ асистираше до Еспозито, кој го донесе Сасуоло во водство. Јувентус веднаш тргна во офанзива, а израмнувањето стигна во 82. минута. Косовскиот репрезентативец Жегрова, го постигна својот прв гол во Италија и го врати својот тим во игра.
Само што постигнаа гол, гостите имаа две одлични можности за целосен пресврт. Алајбеговиќ се закани со одличен удар од тешка позиција, а потоа и Волтмаде шутираше со глава од непосредна близина, но топката заврши покрај голот.
Во 89. минута Боуви ги казни промашувањата и го совлада Викарио за повторно да му донесе предност на Сасуоло. Сепак, Жегрова повторно стапи на сцена во 91. минута и постигна уште еден гол и донесе 2-2.
Но, драмата тука не заврши. Во последните секунди од натпреварот Василије Аџиќ, црногорскиот фудбалер кој настапува за Сасуоло како позајмен играч од Јувентус, постигна атрактивен погодок му донесе голема победа на домаќинот.
Јувентус така остана без бодови и го претрпе првиот пораз во овогодишното издание на Серија А.