Јувентус во 5 до 12 сака да ги промени условите од новиот договор, Дибала може да замине беспари?!

by
1 минути читање

Пауло Дибала и
Јувентус подолго време се во преговори и се веруваше дека двете страни конечно
си подале рака за нова соработка до 2026 година и плата од 8 милиони евра по
сезона, плус додатни 2 милиони евра во бонуси.

Сепак, според
денешното пишување на Газета дело Спорт, Јувентус во последен миг сака да ги
промени условите. Поради честите повреди на Аргентинецот, „старата дама“ сака
да се намали фиксниот дел од платата, а да се зголемат бонусите. Исто така,
договорот наместо на пет години, да биде на три години.

Сето ова
повлекува нови преговори, пеглање на деталите и одолговлекување на процесот, па
Пауло Дибала би можел беспари да замине од Торино. Тој ги одработува последните
месеци, и веќе од 1.
jануари може
да преговара со други клубови и да потпише пред-договор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×