258
24-годишниот фудбалер ги скина лигаментите во јануари минатата сезона на дуелот со Рома кој Јувентус го доби со 4-3.
Иако веќе поминува осмиот месец од тој момент, во Јувентус се уште немаат точен датум за враќањето на Киеза во тимот.
Алегри на вчерашната прес конференција рече дека би биле среќни ако Киеза се врати пред Светското првенство.
Поради таквата ситуација, Јувентус веројатно ќе го изостави Киеза од Лигата на шампионите во првиот дел од натпреварувањето.
Во јануари ќе има доставување на нов список за Лигата на шампионите и тогаш ќе биде вметнат и Киеза.