Јувентус тргна во офанзива по Влаховиќ во финишот на преодниот рок, трансферот е многу веројатен

by
1 минути читање

Според италијанските медиуми, Јувентус на Фиорентина и нуди околу 60 милиони евра плус бонуси за да го добие Душан Влаховиќ.

Раководството на Фиорентина е подготвено да го продаде Влаховиќ, од таму рекоа дека пристигнале важни понуди за нив, но фудбалерот и неговите агенти не комуницираат со клубот за да дојде до трансфер.

Сепак, гласините велеа дека желба на Влаховиќ е трансфер во Јувентус, а сега токму тие тропаат на вратата на Фиорентина, па се очекува да падне договор.

Фиорентина сака да го продаде Влаховиќ, Јувентус сака да го купи, а тој сака да се пресели во гигантот од Торино. Останува уште да се договорат деталите и трансферот во наредните денови да биде комплетиран.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×