Јувентус со два гола во финишот го доби градското дерби против Торино (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Натпреварот почна лошо за Јувентус, по само девет минути игра Енколу донесе водство за Торино од 1-0.

Брзо потоа можеше да биде и 2-0 за гостите, Симоне Заза излезе сам пред Счесни, но голманот на Јуве беше поуспешен.

Јувентус јалово се обидуваше да се врати во игра, немаа шанси, првпат погодија во 57. минута кога Квадрадо реализириаше, но Бонучи беше во офсајд, судиите одлучија дека дефанзивецот му засметал на голманот за интервенција и го поништија погокот.

Во 77. минута по асистенција од Квадрадо, Мекени погоди со глава за изедначување на 1-1.

Во 89. минута исто сценариот само различен реализатор, Квадрадо нафрлува, а Бонучи со својот прв гол во градските пресметки на Торино му носи победа на Јувентус од 2-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×