Јувентус се предомислува, сака да го задржи Мората но под еден услов

by
1 минути читање

Мората игра на позајмица во Јувентус кој има опција целосно да го откупи за 35 милиони евра.

Информациите велеа дека ова е последна сезона на Мората, Јувентус не сака да го задржи, но новинарот Џакомо Јакобелис сега тврди дека клубот се предомислува и сака да го откупи шпанскиот напаѓач.

Сепак има еден услов за тоа да се случи, Атлетико Мадрид да прифати помалку обесштетување од договореното. Се верува дека италијанскиот клуб најмногу би платил 20-25 милиони евра, но не и 35.

Доколку двата клуба не се договорат Мората би можел да се пресели во Барселона или да се врати во Премиерлигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×