147
Мората во Јувентус пристигна во 2020 на двегодишна позајмица со опција за пермантентен трансфер. За двегодишната позајмица плаќаат 20 милиони евра, а по крајот на оваа сезона треба да додадат уште 35 милиони евра за комплетно да го откупат.
Но, информациите од Италија велат дека Јувентус има други планови. Нивна цел број еден е напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ.
Желба им е и Мауро Икарди, по кој може да тргнат уште во јануари.
Било кој од Икарди или Влаховиќ да дојде во Јувентус, иднината на Мората ќе биде загрозена и тој најверојатно ќе треба да си ги спакува куферите и да побара нов клуб.