Медиумите од „островото“ објавија дека Јувентус понудил 10 милиони евра за услугите на Емилијан Мартинез од Астон Вила, кој беше прва желба на Лучано Спалети за засилување на голманската позиција.
На почетокот од летниот трансфер пазар, „старата дама“ имаше обид да го ангажира Емилијано Мартинез, но се откажа од идејата поради високите барања на Астон Вила и поставената цена од над 10 милиони евра.
Во Јувентус сметаа дека тоа е премногу за голман кој во септември ќе наполни 34 години, па се насочија кон други цели.
Изминатиов период десетина имиња се најавуваа како нов голман – Викарио од Тотнем, Сузуки од Парма, Трубин од Бенфика, Де Хеа од Фиорентина, Шевалие од ПСЖ, Алиосн од Ливерпул, Свилар од Рома, па и Лунин од Реал Мадрид.
Но последните информации велат дека Јувентус се вратил на првата желба на Лучано Спалети и доставил нова понуда до Астон Вила за Емилијано Мартинез.
Скај Спортс објави дека на маса биле ставени 10 милиони евра (околу 8,5 милиони фунти), додека пак новинарот Дејвид Орнштајн вели дека предлогот е тежок 7 милиони евра како фиксен дел, плус додатни 3 милиони евра во бонуси.
Останува да се видат дали двата клуба ќе најдат заеднички јазик, Астон Вила во меѓувреме почна преговори со Парма за ангажман на Зион Сузуки.
Јапонецот беше пред трансфер во ПСЖ, но во последен миг агентите побараа поголема провизија, па „светците“ решија да се повлечат од зделката.