„Старата дама“ за
прв пат по 11 години ја заврши сезоната без освоен трофеј, па раководството на
клубот сака да донесе неколку звучни имиња за враќање на шампионски патеки.
Анхел ди Марија и
Пол Погба треба да пристигнат како слободни играчи, а Јувентус исто така е
подготвен да инвестира значителна сума на пари во Сергеј Милинковиќ Савиќ од
Лацио и Калиду Кулибали.
Како што
пренесува Спортмедиасет, двете зделки се прилично тешки и во моментов можеби
изгледаат како невозможни, но многу работи можат да се променат во следните
месеци.
Јувентус наводно
е подготвен да се раздели со Меккини, Артур и Рабио со цел да прибере средства
за ангажман на Сергеј Милинковиќ Савиќ.
Што се однесува
до Калиду Кулибали, неговата цена не е толку висока (30-35 милиони евра) со
оглед на тоа дека договорот му истекува за една година и во моментов
преговорите за продолжување тапкаат во место.