Јувентус продава двајца фудбалери за да отвори простор за ангажман на Погба

by
1 минути читање

Пол Погба никогаш
не криел дека Торино и Јувентус имаат посебно место во неговото срце, таква
беше и изјавата по дуелот на Франција против Белгија во полуфиналето од Лигата
на нации на стадионот „Алианц“.

Тој ги одработува
последните месеци од договорот со Манчестер јунајтед па постојат големи шанси беспари
да се пресели во друг клуб. Јувентус внимателно ја следи ситуацијата и крои
планови да го врати Французинот во своите редови.

Според пишувањата
на Газета дело Спорт, „старата дама“ на продажба ќе ги стави Арон Ремзи и
Адриен Рабио, фудбалери со годишна плата од околу 7 милиони евра, за да се
отвори простор за Пол Погба.

Весникот додава
дека Пол Погба во моментов има плата од околу 15 милиони евра по сезона а на
маса има понуда од Манчестер јунајтед за продолжување на соработката со плата
од околу 20 милиони евра.

Јувентус не може
да си дозволи вакви бројки, и Пол Погба ќе мора да направи одредено жртвување,
„старата дама“ ќе му понуди плата од 10-12 милиони евра по сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани