163
Според пишувањата
на „Газета дело Спорт“, Јувентус притиска за ангажман на Мануел Локатели, а за
таа цел клубот од Торино има предвидено нови преговори со Сасуоло кои се на
програмата во текот на утрешниот ден.
Италијанскиот
репрезентативец остави одличен впечаток досега на Европското првенство, а со
самото тоа го привлече вниманието на повеќето европски гиганти, меѓу кои, освен
Јувентус, се споменуваат уште и Арсенал, Манчестер Сити, Реал Мадрид, но и
Борусија Дортмунд.
Се верува дека
Сасуоло го вреднува својот фудбалер на 40 милиони евра, а постои можност
Јувентус да го ангажира 23 годишниот фудбалер на позајмица со обврска да
исплати 30 милиони евра.