Јувентус потпиша со двајца фудбалери во последниот ден од преодниот рок

by
1 минути читање

Денис Закарија доаѓа како сериозно засилување за дефанзивниот дел од средниот ред на Јувентус. 

Јуве за него плати само 5 милиони евра, плус 2 милиони евра во бонуси, затоа што неговиот договор со германскиот клуб истекува на лето.

Закарија ќе заработува три милиони евра по сезона.

Јувентус денеска го потврди и ангажманот на 23-годишниот дефанзивец од Фросиноне, Федерико Гати.

Според италијанските медиуми, Јуве за него плаќа 10 милиони евра.

Тој ќе остане на позајмица во Фросиноне до крајот на сезоната, а од лето ќе се пресели во Јувентус.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×