Одлуката на Јувентус прв да креира свој Б-тим од сите останати во Серија А беше одличен потег на управата.
Јувентус НекстГен како што официјално е заведен вториот тим на „старата дама“ само во претходните де години донесе приход од 103 милиони евра. Младите фудбалери на Јувентус имаат шанса да настапуваат во развојниот тим и да се натпреваруваат во Серија Ц, па кога ќе дојдат до првиот тим бргу се спремни за настапи, па дури и трансфери.
Последен во низата играчи кои играа за Јувентус НекстГен пред првиот тим, а сега направија трансфер е Николо фаџоли. Тој замина за 13,5 милиони евра, плус уште 3,5 низ бонуси во Фиорентина, која прво го позајми до крајот на сезоната за 2,5 милиони. Претходно клупската каса ја полнеа Матијас Зуле (25,6 милиони евра во Рома), Дин Хујсен (15,2 милиони евра во Борнмут), Енџо Беренечеа и Самуел Илинг Џуниор (22 милиони евра во комплет во Астон Вила, Каио Жорге (7,2 милиони), Кони де Винтер (10 милиони), Ханс Николуси Кавиља (5 милиони)…
Освен продажбите, полн со играчи кои минаа низ Јувентус НекстГен е и првиот тим на „старата дама“, тука се Самуел Мбангула, Николо Савона, Јонас Рухи.
По рецептот на Јувентус потоа ттргнаа и други калчолигаши, п сега Б-тимови имаат Аталанта и Милан.