Јувентус подобар од Џенова, Наполи ја победи Сампдорија (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Горан Пандев одигра 63. минути во поразот на Џенова на гостувањето кај Јувентус кој немаше големи проблеми за да дојде до трите бода.

Со голови на Кулушевски и Мората, Јувентус дојде до предност од 2-0 по првото полувреме.

По четири минути игра во вториот дел Скамача намали на 2-1, а Мекени во 70. минута ги постави конечните 3-1.

Наполи со голови на Руиз и Осимен ја совлада Сампдорија со 2-0. Елиф Елмас во иггра беше ставен во 90. минута.

Лацио со погодок на Милинковиќ Савиќ во 92. минута победи со 1-0 кај Верона и ги освои трите бодови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани