171
Влаховиќ се поврзува со Арсенал и Тотнем, но и со Јувентус. Се смета дека италијанскиот клуб е оној кој го преферира напаѓачот.
Според „Скај Спорт Италија“, „Газета дело Спорт“ и „Тутоспорт“, Јувентус одлучил уште во овој преоден рок да тргне по Влаховиќ.
Фиорентина бара најмалку 70 милиони евра за Србинот, а Јувентус ќе се обиде дел од таа сума да покрие и со фудбалер кој би бил интересен за виолетовите.
Тие нудат 35 милиони евра плус Дејан Кулушевски. Пазарна цена на Кулушевски во моментов изнесува 35 милиони евра.