Јувентус по брза постапка го одби Челси за Киеза

by
1 минути читање

Јувентус го одби
Челси во намерите да го ангажира Федерико Киеза за сума од близу 100 милиони
евра, со тоа што италијанскиот прволигаш става јасно дознаење дека не е
заинтересиран за продажба на ѕвездата од Европското првенство.

23 годишниот
Киеза се приклучи на редовите на Јувентус ланското лето на две годишна
позајмица вредна 10 милиони евра, со обврска неговиот договор целосно да биде
откупен за сума од дополнителни 40 милиони евра, а предвидени се воедно и
бонуси во висина од 10 милиони евра по крајот на новата претстојна сезона.

Дека Јувентус не
сака ниту да помисли на продажба на Киеза, доволно говорат информациите кои во
јавноста ги пласираше „Билд“, во кои се тврди дека „Старата дама“ не сакала
ниту да влезе во преговори за трансфер на Киеза.

Киеза во својата
прва сезона во дресот на Јувентус постигна 15 погодоци на 46 настапи, а интерес
за него пријави и Баерн Минхен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×