Тутоспорт ги објави трансфер плановите на Јувентус, „старата дама“ летоска ќе потроши нови 200 милиони евра за ангажман на три големи засилувања – Виктор Осимен, Адемола Лукман и Сандро Тонали.
Јувентус потроши околу 200 милиони евра во сезоната 2024/25 за ангажман на играчи како Теун Копмајнерс, Даглас Луиз, Кефрен Турам, Нико Гонзалес и уште неколку позајмици со опција или обврска за перманентен трансфер.
Според денешното издание на Тутоспорт, „старата дама“ планира летоска да инвестира нови 200 милиони евра.
Станува збор за три големи засилување – Виктор Осимен, Адемола Лукман и Сандро Тонали.
Душан Влаховиќ е на излезна врата, па Виктор Осимен е идентификуван како идеално засилување за форот. Напаѓачот има откупна клаузула од 75 милиони евра која важи само за клубови од странство, но се верува дека Јувентус ќе може да го купи доколку на маса стави ваква сума.
Адемола Лукман е уште една желба за засилување на офанзивата, се очекува тој летоска да ја напушти Аталанта, но зделката нема да биде евтина, ќе бидат потребни 50-60 милиони евра за негов ангажман.
Сандро Тонали подолго време е во бележникот на Јувентус, и тој има висока цена од 70 милиони евра, но „старта дама“ се надева дека ќе може да го вметне Даглас Луиз во трансферот за да ја намали сумата, или пак да го продаде Бразилецот за пристојна сума, и така да го финансира ангажман на Италијанецот.