Јувентус може да остане без еден од најважните офанзивци на стартот од сезоната. Кенан Јилдиз се повреди на дуелот со Фросиноне, кој торинскиот тим го доби со минимални 1-0.
Турскиот репрезентативец мораше да го напушти теренот во 69. минута, а дополнителните медицински прегледи треба да дадат одговор на прашањето колку е сериозна повредата.
Според италијанскиот „Тутоспорт“, постои сомнеж за фрактура. Доколку тоа се потврди, Јилдиз би можел да биде подложен и на операција, а паузата би можела да трае од осум до десет недели.
Тоа би бил сериозен проблем за Јувентус, особено ако се има предвид важноста на 21-годишниот фудбалер во офанзивниот дел од тимот. Во такво сценарио, Јилдиз би пропуштил неколку натпревари.
Долгото отсуство на Турчинот може да го натера Јувентус повторно да се активира на трансферниот пазар. Во клубот веќе постои интерес за Џошуа Зиркзе, а меѓу имињата кои се разгледуваат е и Александар Серлот.
Во следниот период тренерот Лучано Спалети ќе мора да најде решение за потенцијалната празнина во нападот. Сепак, повеќе детали ќе има по завршувањето на дополнителните прегледи, по кои се очекува да биде познато дали Јилдиз навистина ќе мора на подолга пауза.