Јувентус денеска е топ тема во фудбалската јавноста на Италија откако синоќа финансиска полиција влезе во канцелариите на „старата дама“.
Се прибираат документи за трансферите во последните три години, постои сомнеж дека со искажување на високи, нереални суми, Јувентус правел капитална добивка и ги „штелувал“ смеките и балансите.
Беше објавено и дека се истражува соработката на Јувентус со Кристијано Роналдо. Според АНСА, полицијата добила наредба да го најде „фамозниот договор кој не постои“.
Се работи за приватен договор за економските односи помеѓу Јувентус и Португалецот, во теорија тој не треба да постои и да биде дел од официјалната документација, за овој документ се дознало од прислушкуваните разговори.