Јувентус на јануарски шопинг во Манчестер?

by
1 минути читање

„Газета дело Спорт“ тврди дека Ентони Марсијал е опција за Јувентус во јануарскиот преоден рок.

Јуве во досегашниот дел од сезоната во Серија А постигна само 23 голови на 17 натпревари, па Алегри очајно бара засилувања во офанзивната линија.

Марсијал не е единствениот играч на Манчестер јунајтед со кој се поврзува Јуве, опција за нив е и Единсон Кавани кој има мала минутажа по доаѓањето на Роналдо.

Се шпекулира и со имињата на Душан Влаховиќ и Мауро Икарди, но повеќе фактори влијаат кој напаѓач ќе го одбере Јуве, пред се тоа е трансфер буџетот за јануари.

За да создаде трансфер буџет Јуве треба да продаде некои фудбалери, на трансфер листата се Арон Ремзи, Артур и Дејан Кулушевски, но клубот би слушнал и понуди за повеќето од своите фудбалери со цел да ја подобри финансиската состојба на клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×