Јувентус е пред комплетирање на голем трансфер, откако 18-годишниот репрезентативец на Босна и Херцеговина, Керим Алајбеговиќ, е на чекор од преселба во Торино, објавува германскиот „Кикер“.
Младиот офанзивец, кој е под договор со Баер Леверкузен, летово беше поврзуван и со Милан, а во трката се вклучи и Челси. Сепак, најконкретен беше Јувентус, кој успеал да постигне договор со германскиот клуб.
Според информациите, трансферот ќе изнесува 30 милиони евра, а со бонусите сумата може да достигне и до 40 милиони евра.
Алајбеговиќ минатата сезона настапуваше за Салцбург, каде на 43 натпревари постигна 13 голови и запиша четири асистенции. Леверкузен летово го врати во своите редови со активирање на откупната клаузула вредна осум милиони евра, но нема долго да се задржи во Германија.
Младиот крилен напаѓач веќе дебитираше за сениорскиот тим на Леверкузен, а со репрезентацијата на Босна и Херцеговина настапи и на Светското првенство 2026.