Јувентус му нуди трампа на Њукасл: Пари и Влаховиќ во замена за Тонали

by bojan
1 минути читање
Влаховиќ

Медиумите од Италија пренесуваат дека Јувентус размислува да го понуди Душан Влаховиќ како дел од зделката со која Сандро Тонали би се преселил во Торино.

Подолго време се говори дека Јувентус го има идентификувано Сандро Тонали како топ засилување за средниот ред.

Но еден ваков трансфер воопшто не е едноставен, Њукасл нема лесно да се откаже од Италијанецот и ќе бара околу 70 милиони евра.

„Старата дама“ разгледува различни формули и се шпекулира дека една опција е да го понудат Даглас Луиз плус 30-40 милиони евра.

Денешното издание на Тутоспорт говори и за уште друга опција, односно трампа во која ќе бидат понудени пари и Душан Влаховиќ во замена за Сандро Тонали.

Србинот има договор до јуни 2026 и плата од 12 милиони евра, не сака да прифати нов договор со пониски примања, па Јувентус ќе се обиде да го продаде во летниот преоден рок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани