Јувентус му го свртел грбот на Погба: Никогаш не разбрав зошто се однесуваа така

by Стефан
1 минути читање

Францускиот фудбалер Пол Погба (32) во своето последно интервју истакна дека не добил соодветна поддршка од Јувентус додека траела суспензијата поради допинг.

„Мислев дека сум во конфликт со антидопинг властите, а не со мојот клуб“, изјави Погба, кој по суспензијата се враќа на фудбалските терени и се очекува наскоро да потпише договор со Монако.

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед додаде дека се чувствувал напуштен од Јувентус во периодот кога му требала најголема помош.

„Иако побарав поддршка од клубот, не ја добив. Сакав да ми обезбедат кондициски тренер, бидејќи сѐ уште формално бев дел од екипата. Имав право на тоа. Но, Јувентус не ми излезе во пресрет и никогаш не ми беше јасно зошто“, истакна Погба.

Ќе потсетиме, Погба падна на допинг-тест по натпреварот против Удинезе во Серија А во 2023 година. Првично доби четиригодишна суспензија, но казната подоцна му беше намалена на 18 месеци. Јувентус официјално го раскина договорот со него во ноември 2024 година, а од март годинава тој повторно има право на настап.

„Не можев повеќе секој ден да ги возам децата во училиште и да минувам покрај стадионот и тренинг-центарот знаејќи дека нема да играм уште долго. Децата постојано ме прашуваа кога ќе се вратам на теренот и кога повторно ќе ме гледаат на стадион. Сега сум подготвен и физички и психички. Имам 32 години, но сѐ уште се чувствувам како дете“, порача фоанцускиот фудбалер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×