Јувентус купува српски фудбалер

by
1 минути читање

Бугарскиот фудбалер Божинов, кој сега го носи дресот на Партизан, во минатото играше за Лече, Јувентус, Парма и Фиорентина па има блиски контакти со италијанските медиуми.

Тој за Газета дело Спорт открива дека Јувентус е пред потпис со младиот Миленковиќ.

„Тука во Партизан имаме повеќе добри фудбалери, Миленковиќ, Влаховиќ… но мислам дека единствената работа која недостасува за трансферот на Миленковиќ во Јувентус е само официјална потврда, договорот е веќе склучен“ – вели Божинов.

„Тој е многу добар дефанзивец. Цело време ме прашува за Јувентус, дуелот против Интер го гледавме заедно“.

„На првиот ден од летниот камп ми беше цимер и беше навистина неуреден. Му реков: „Не сакаш вака неуреден како сега да му се покажеш на Буфон. Јувентус е Јувентус“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани