Eкипата Јувентус го продолжи договорот со полскиот напаѓач Аркадиуш Милик и покрај тоа што тој цела сезона е надвор од терените поради повреда на коленото.
Милик потпиша нов двегодишен договор со „Старата дама“, кој ќе важи до летото 2027 година. Иако оваа сезона не одигра ниту една минута, челниците на торинскиот клуб и натаму веруваат во неговите квалитети. Полскиот репрезентативец според најавите ќе заработува 3,5 милиони евра по сезона.
Милик е официјално играч на Јувентус од 2023 година, откако претходно една сезона беше на позајмица во клубот. Во црно-белиот дрес досега има одиграно 75 натпревари и постигна 17 погодоци.
Да потсетиме, Јувентус моментално располага само со два класични напаѓачи, српскиот интернационалец Душан Влаховиќ и Рандал Коло Муани, на кого му истекува позајмицата од Пари Сен Жермен по завршувањето на тековната сезона.
Фото: Juventus FC/X