Јувентус ќе го направи Алегри најплатен тренер во Серија А

by
0 минути читање

Макс Алегри е
изборот на „старата дама“ за наследник на Андреа Пирло, се очекува официјална
потврда да пристигне во следните неколку дена.

Како што пренесува
добро упатениот новинар Џанлука Ди Марцио, стратегот ќе стави потпис на
четиригодишен договор и ќе добие плата од 9 милиони евра по сезона.

Ова е за 2
милиони евра повеќе од платата која ја добиваше Макс Алегри пред две години,
кога ја прекина соработката со Јувентус.

Исто така, со разделбата
на Антонио Конте и Интер, Макс Алегри ќе биде најплатен тренер во Серија А.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×