231
Јувентус не го одбрани Скудетото, но го освои утешниот трофеј, Купот на Италија, Старата Дама по 14. пат се радува на титулата во ова натпреварување.
Резултатот го отвори Кулушевски во 31. минута, но десет минути подоцна Малиновски изедначи на 1-1.
Во 73. минута по една одлична акција и додавање од Кулушевски, Киеза го постигна победничкиот гол за Јувентус.
За Јувентус оваа сезона останува уште еден меч, гостувањето кај Болоња каде мораат да победат, но и да се надеваат на триумф на денешниот противник Аталанта над Милан.