61
27 годишниот
Самуел Умтити би можел да го раскине договорот со Барселона со обострана
согласност, а во едно такво сценарио Јувентус и Милан се веќе подготвени да
реагираат, известува „Диарио Гол“.
Актуелниот
договор на Умтити со Каталонците истекува во 2023 година, а веќе познато е дека
Французинот не е во плановите на својот тренер Роналд Куман, а холандскиот
фудбалски стратег не се противи на негова продажба.
Јувентус и Милан
се поврзуваа со Умтити и во летниот преоден рок, меѓутоа трансферот не се
реализираше, но се верува дека во јануарскиот преоден рок би можеле одново да
се вратат во игра за неговиот потпис.