Според
информациите кои ги објави италијанска Ла Штампа, се вели дека Јувентус веќе ги
договорил условите со Марсело, за трансферот кој веќе одреден период се
најавува а го сели Бразилецот во Торино за идната сезона.
Ла Штампа објави
дека Старата дама постигнала договор со бекот за четиригодишна соработка, а тоа
значи дека тој повторно ќе биде дел од иста екипа заедно со неговиот поранешен
соиграч од Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, со кого имаат одличен однос.
Марсело го загуби
првотимскиот статус во редовите на Кралевите, на левата бековска позиција
стандарден е сега младиот Регилон, а
воедно како резултат на немањето минутажа на натпреварите, беше изоставен и од
составот на Бразил, откако селекторот на Кариоките, Тите јасно посочи дека
немањето минутажа е проблем за да биде повикан.
Неофицијално,
Бразилецот ќе заработува 12 милиони евра од сезона во дресот на Старата дама.