Јувентус и Манчестер јунајтед прават сензационална зделка, трампа Погба за Роналдо?!

by
1 минути читање

Мино Рајола оваа
недела најави трансфер бомба, контроверзниот агент изјави дека Пол Погба
завршил со Манчестер јунајтед, не е среќен на Олд Трафорд и најдобро за сите
страни е тој да се пресели во друг клуб.

Веднаш почнаа
гласини за иднината на Французинот, Јувентус беше посочен како една од можните дестинации.
Потоа имаше шпекулации за можна размена со Пауло Дибала, но последните стории
говорат за сензационална зделка.

Новинарот на
Индипендент, Мигел Дилејни вели дека Јувентус е заинтересиран за трампа Пол Погба
за Кристијано Роналдо.

Подолго време се
пишува дека „старата дама“ бара начин да се раздели со ЦР7 поради неговата
огромна плата од над 30 милиони евра. 
Исто така често се пишува за негово враќање на Олд Трафорд, неодамна
имаше сторија дека спонзорот Шевролет е подготвен финансиски да помогне за ЦР7 одново
да го облече дресот на „ѓаволите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×