Јувентус и Интер по третпат се среќаваат во финалето од Купот на Италија, првпат по 57 години (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Денеска со почеток од 21 часот на стадионот Олимпико во Рима, Јувентус и Интер ќе се борат за пехарот од Купот на Италија.

И покрај големото ривалство меѓу овие два клуба создадено низ годините, поради кое се раѓа и името на дербито меѓу нив, „Дери на Италија“, тие многу ретко се среќавале во финалето од купот.

Вечерва за првпат по 57 години ќе имаат дуел во финалето. Претходно се сретнале само двапати, Јувентус бил подобар.

Последното финале од Купот на Италија меѓу Јувентус и Интер се одржало на 29 август 1965 година. Јуве победил со 1-0.

Претходно играле во финалето на 13 септември 1959 година. Тогаш Јувентус победил со 4-1.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×