Јувентус и Барселона во трката за потписот на Обамејанг

by
1 минути читање

Јувентус е
главниот ривал на Барселона во трката за потписот на Пјер-Емерик Обамејанг, 32
годишниот напаѓач на Арсенал кој е изоставен поради недисциплина од страна на
својот тренер Микел Артета.

„Тутоспорт“
пишува дека Јувентус е сериозен во намерата да го ангажира Габонецот, а од
претходно се знае дека тој е на листата на желби на Барселона.

Обамејанг не се
најде во составот на „Топчиите“ на последните три меча во Премиерлигата, а во
сите тие клубот од Лондон запиша победа, а многумина веруваат дека кариерата на
Обамејанг оди во истиот правец како оној на Месут Озил.

Габонецот инаку
има активен договор со Арсенал со важност до 2023 година, а со истиот има
неделна плата од фантастични 350 илјади фунти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани