227
Јувентус се
приклучи на Барселона во однос на интересот за ангажман на напаѓачот на
Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг, кој поради недисциплина изоставен е од тимот на
„Топчиите“, а истовремено одземена му е капитентската лента.
32 годишниот
Габонец е на излезна врата од Арсенал уште за во јануарскиот рок, а „Спорт“
известува дека Барселона и Јувентус одблизу ја следат неговата ситуација во
клубот од Лондон.
Актуелниот
договор на Обамејанг со Арсенал истекува во 2023 година, но „Топчиите“ се
отворени за понуди за негова продажба уште за во јануарскиот преоден рок.