466
Новинарот Фабрицио Романо објави дека Јувентус доставил нов предлог за ангажман на Тун Копмајнерс, на маса е ставен пакет вреден 59 милиони евра.
„Старта дама“ силно притиска за ангажман на Тун Копмајнерс, кој е главна цел за засилување на средниот ред.
Откако Аталанта одби понуда вредна 50 милиони евра, плус додатни 5 милиони евра, Јувентус се врати со нов предлог.
Новинарот Фабрицио Романо објави дека на маса е ставен пакет составен од 52 милиони евра како фиксен дел, плус додатни 7 милиони евра во бонуси.
„Црно-сините“ од Бергамо поставија цена од 60 милиони евра, последната понуда на Јувентус е вредна 59 милиони евра, па останува да се види дали ова ќе биде доволно за компромис помеѓу двете страни.