Јувентус бара голем попуст за Мората и го уценува Атлетико Мадрид

by
1 минути читање

Јувентус сака да го задржи Алваро Мората, но „старата дама“ нема намера да ја плати сумата од 35 милиони евра која е договорена од претходно.

„Бјанконерите“ бараат попуст и тоа прилично голем, односно да платат само 15 милиони за да го направат трансферот перманентен.

И не само тоа, Јувентус го уценува Атлетико Мадрид да го прифати овој предлог или во спротивно ризикува да го загуби Алваро Мората беспари.

Шпанецот е обврзан кон Атлетико Мадрид до јуни 2023 година, и нема намера да го продолжи договорот, па на еден или друг начин ќе го носи повторно дресот на Јувентус.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×