Јуве нуди 35 милиони евра за фудбалер на Фиорентина за кој се интересираат и Манчестер јунајтед и Сити

by
1 минути читање

Се работи за српскиот дефанзивец Никола Миленковиќ за кој се пишуваше дека бил во нотесот на Жозе Мурињо кој отиде во Подгорица да го следи на дуелот меѓу Црна Гора и Србија.

Според „Кориере дело спорт“, Јувентус веќе испратиле понуда од 35 милиони евра за Миленковиќ. Но се верува дека Фиорентина ќе причека да стигнат понуди и од другите заинтересирани клубови пред да одлучат да го продадат.

Дефанзивецот во 2017 пристигна во Фиорентина од Партизан за сума од 5 милиони евра плус бонуси, оваа сезона тој е незаменлив во одбраната на виолетовите, ги одигра сите осум меча по 90 минути во Серија А и постигна два гола.

Покрај Јувентус и Манчестер јунајтед, за него заинтересиран е и Манчестер Сити.

21-годишниот српски фудбалер е централен дефанзивец кој може да игра и како бек.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани