Јунајтед заврши голем трансфер: Куња доаѓа, а една ѕвезда пакува куфери?

by 24 фудбал
1 минути читање

По разочарувачката сезона, една од најслабите во последните 30 години, Манчестер Јунајтед конечно го комплетира првото засилување – Матеус Куња е нов фудбалер на „црвените ѓаволи“!

Клубот од „Олд Трафорд“ ја активираше откупната клаузула од 62,5 милиони фунти и го доведе најдобриот играч на Вулверхемптон. Куња сезонава беше феноменален за „волците“ со 17 погодоци и 6 асистенции, па неговиот трансфер беше само прашање на време.

Бразилецот веќе некое време беше на радарот на новиот тренер Рубен Аморим, кој го гледа како идеален шпион во нападот. Договорот ќе биде на пет години, а англиските медиуми тврдат дека Куња ќе го добие дресот со број 10 – што може да значи само едно: Маркус Рашфорд заминува!

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани