Јунајтед со едно барање го комплицира трансферот на Рашфорд во Милан, Жорж Мендеш им нуди решение

by bojan
1 минути читање
Рашфорд

„Ѓаволите“ одбиваат да покриваат дел од платата на Маркус Рашфорд и со тоа го комплицираат трансферот на напаѓачот во Милан, во меѓувреме, агентот Жорж Мендеш им понудил друго решение на „росонерите“.

Милан сака да го донесе Маркус Рашфорд на поазјмица до крајот на сезоната, но бидејќи Англичанецот има големи примања (околу 325.000 фунти неделно), клубот од Сан Сиро бара Манчестер јунајтед да покрива половина од платата.

Но како што пренесува Скај Спорт Италија, „ѓаволите“ во моментов одбиваат да прифатат вакви услови и инсистираат Милан во целост да ја покрива платата на Маркус Рашфорд.

Во меѓувреме, Жорж Мендеш на „росонерите“ им понудил друго решение и ангажман на Жоао Феликс.

Португалецот, кој има ограничена минутажа во Челси, би пристигнал на позајмица до крајот на сезоната со опција да биде купен во целост.

Сепак, Милан во моментов не е премногу заинтересиран за оваа опција и ќе почека да види какви се прилики ќе се укажат во последните денови од преодниот рок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани