Јунајтед ремизираше против Сосиедад, Мурињо и Фенер ги чека тешка задача во реваншот! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Манчестер јунајтед одигра реми во првиот натпревар против Реал Сосиедад кој се играше во Сан Себастијан.

Избраниците на Аморим први дојдоа до водство со голот на Зиркзе во 57. минута, но Сосиедад успеа да израмни со голот на Ојарзабал од пенал во 70. Минута.

Во продолжение видовме по некоја прилика и на двете страни, но резултатотн е се промени.

Тешка задача во реваншот ќе имаат Мурињо и Фенербахче кои денеска претрпеа пораз од Ренџерс со 1-3. Уште во седмата минута гостите го отворија резултатот со голот на Десерс, израмни Џику во 30-тата минута, но до крајот на полувреме Черни се погрижи за нова предност на шкотскиот состав.

Во вториот дел стрелецот Черни уште еднаш се запиша во листата на стрелци за конечни 1-3.

Со истиот резултат заврши и средбата ФЦСБ – Лион, додека АЗ Алкмар го совлада Тотнем со 1-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани