Јунајтед, Арсенал, Челси, Ливерпул и Тотнем ќе го тужат Сити… сметката може да биде и до 600 милиони

by bojan
1 минути читање
Манчестер Сити

Медиумите од „островото“ пишуваат дека ривалите како Манчестер Јунајтед, Арсенал, Челси, Ливерпул и Тотнем можат да го тужат Манчестер Сити и да побараат огромна оштета.

Во Англија топ тема продолжува да биде судскиот спор против Манчестер Сити и веста дека независна комисија ги прогласи „граѓаните“ за виновни за 114 од 115 обвиненија за прекршување на правилата за Финансиски фер плеј.

Останува да се види каква ќе биде казната, која може да варира од парична глоба, до забрана за трансфери, одземање на бодови и исфрлање од Премиерлигата. 

Но проблемите за Манчестер Сити можат да биде уште поголеми, се шпекулира дека ривалите се подготвени да го тужат и да побараат огромна оштета.

Меѓу клубовите кои би можеле да тргнат по судски пат се Манчестер Јунајтед, Арсенал, Челси, Ливерпул, Тотнем, Евертон и Сандерленд.

Станува збор за пари поврзани со пласман во европските натпреварувања, позиции на табелата и освоени титули, односно приходи за кои клубовите сметаат дека ги загубиле поради резултатите на Манчестер Сити во периодот опфатен со случајот.

Според една проценка објавена по пресудата, вкупната вредност на потенцијалните барања би можела да надмине 600 милиони фунти, односно околу 690 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×