Јирген Клоп има 26 победи, 16 нерешни и 12 порази по 54 натпревари како предводник на Ливерпул, ист таков учинок има и поранешниот менаџер на Црвените, Брендан Роџерс.
Јирген Клоп изгледа доминантно поради својата харизма и знае како да ги освои фановите, но кога станува збор за резултатите тие не се подобри од неговиот претходник.
Ливерпул се наоѓа во криза особено во овој период кога тимот на Клоп мака мачи да дојде до триумф, има само една победа на последните десет меча и тоа против Полимоут.
Во сабота Ливерпул го пречекува Тотенхем и ќе мора против второпласираниот тим да бара победа која треба да помогне за излез од кризата по која не се веќе во топ 4 на табелата.
Клоп мора да дојде до резултати, особено што Ливерпул настапува само во Премиерлигата, во спротивно неговата харизма нема уште долго да биде доволна за останување на кормилото на тимот.